Ново рочиште за „Ласкарци“

Фото: МИА

Една недела по годишнината од трагедијата во близина на селото Ласкарци, во Кривичниот суд е закажано ново рочиште против шестемина обвинети за големата сообраќајна несреќа предизвикана од автобусот на компанијата „Дурмо турс”.

На последните рочишта за овој предмет беа презентирани извештаи од вештите лица од Судска медицина и психијатар, во кои се наведе дека шоферот, сега обвинет Маноил Трифуновски, боледувал од дијабетес, но тоа не било причина за забрана за извршување на работните обврски.

На 13 февруари 2019 година, околу 16:30 часот, по наплатната рампа „Глумово”, на патниот правец Скопје – Тетово, автобус на „Дурмо турс” излета од патот, во која сообраќајка загинаа 16 лица, а над 35 поминаа со тешки повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот