Ново рочиште во Кривичен за случајот „Трезор“

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес „Трезор“ кој се однесува за незаконската набавка на прислушна опрема за поранешната УБК.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ и се наоѓа во доказна постапка. Застапници на обвинителниот акт се обвинителите Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот