Ново рочиште денеска за случајот „ТНТ“

Фото: МИА

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од СЈО. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Во предметот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот