Ново работно време на паркинзите на ЈП ПОЦ

ПОЦ табла/ Фото: МИА

Согласно најновите рестриктивни мерки на Владата на РСМ за заштита од вирусот КОВИД-19, од денеска паркиралиштата на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат со скратено работно време.

Како што информираат од претпријатието, паркиралиштата од отворен тип ќе работат секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот и во сабота од 08:00 до 15:00 часот, Паркиралиштата од затворен тип ќе работат секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот и во сабота од 07:00 до 19:00 часот, Катната гаража „Судска палата” ќе работи секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот и во сабота од 07:00 до 15:00 часот, „Пајак” службата на ЈП ПОЦ ќе работи секој ден од 06:00 до 19:00 часот. Трета смена ќе биде времено укината.

Шалтерите за прием на странки во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар остануваат затворени и сите корисници можат да ги користат услугите на претпријатието исклучиво по електронски пат на веб платформата www.poc.mk или преку ПОЦ мобилната апликација.

Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да аплицираат за склучување на договор за платежната Green Pay картичка, да вршат проверка на состојба на Green Pay картичката со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман.

Исто така, од ПОЦ информираат дека за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 или во контакт центарот на 072 251 251 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот