Ново пролонгирање на казната на поранешниот прв човек на УБК : Наместо утре, Сашо Мијалков во затвор од 22 август

Сашо Мијалков / 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор утре, бидејќи побарал одложување на издржувањето за две недели, дознава Телма. Наместо утре, тој во затворот ќе треба да се јави на 22 август.

Сашо Мијалков претходно се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра.

По спогодбата, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, а таму го префрли и седиштето на една од неговите фирми.

Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинето во „Империја“ кои исто како него признаа вина и се спогодија со судот – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски, кои исто како и поранешниот шеф на УБК, пред издржување на затворската казна ја сменија адресата на живеење од Скопје во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот