Ново пролонгирање, билетот за едно возење ќе се продава од јануари

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

За разлика од многу европски метрополи, во Скопје, и покрај најавите за воведување, се уште не постои билет за едно возење во автобус. Ваков билет градоначалникот Петре Шилегов првично најавуваше дека ќе почне да се продава во април,  потоа го пролонгираше за ноември, за денес конечно да најави дека таков билет во автобусите ќе почне да се продава од први јануари.

„Мислам дека од први јануари граѓаните ќе можат во самите автобуси да купат билет за едно возење. Тој билет е наменет пред се, за луѓе кои што доаѓаат во нашиот град, а кои сакаат да го користат јавниот превоз. Сега за жал нема таква опција“ рече Шилегов, на денешното засадување дрва во дворот на Градежниот и Архитектонскиот факултет.

Билетот ќе чини 50 денари, додека возењето за деца до седум годишна воздраст е бесплатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот