Ново признание за капитенот: Ристовски третпат во кариерата избран во идеалниот тим на ХНЛ

Фото: Синдикат на прифесионални фудбалери во Хрватска

Македонскиот капитен, Стефан Ристовски доби нови признание во најсилниот хрватски шампионат.

Ристовски третпат во својата кариера согласно изборот Синдикатот на професионални фудбалери на Хрватска се најде во идеалниот тим од Првата лига на Хрватска.

Капитенот на македонската репрезентација го издвоија одличните настапи во текот на целата сезона за Динамо на десната бековска позиција, па заслужено се најде во тимот на сезоната 2021/2022.

Во кариерата претходно Ристовски беше дел од најдобриот тим во Хрватска во сезоните 2015/2016 и 2016/2017, тогаш како фудбалер на Ријека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот