Ново признание за Димитриjевиќ: Избран во најдобрата млада петорка во Шпанија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец избран во друштво на суперталентираните Алоцен. Гаруба, Кулбока и Крејчи
Уште едно големо признание за најдобриот македонски кошаркар за 2019 година.

Ненад Димитријевиќ е дел од идеалната петорка на млади кошаркари во шпанската „Ендеса“ лига.

Нашиот репрезентативен бек беше трет во гласањето кое го спроведе ACB во изминатиот период, а траеше заклучно со 24. јуни. Во изборот, освен Димитријевиќ, има место и за Карлос Алоцен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас Кулбока (Билбао Баскет) и Вит Крејчи (Сарагоса).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот