11 C
Скопје

Ново претседателство на СОКОМ: Со надеж за подобри времиња и опстанок на музичката дејност

На Изборно собрание на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), што се одржа на 13.02.2021, беа избрани новите членови на раководните тела на ова здружение за следниот мандат од две години. За Претседател на Претседателството на СОКОМ редовните членови ја избраа композиторката проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, со што таа воедно станува и првата композиторка која застанува на чело на оваа институција во нејзиното повеќедецениско постоење. За композиторката Велковска-Трајановска тоа претставува огромна чест, но и предизвик да се раководи со СОКОМ.

– Огромен е предизвикот да се застане на чело на здружение што постои и делува повеќе од 75 години, каде како претседатели се вброиле најзначајните имиња од македонската музичка историја, а воедно и првата претседателка композитор. Одговорноста кон колегите композитори, музиколози и севкупно нашите професии е, исто така, огромна, особено поради тоа што живееме во времиња кога се подзаборава на стручноста и знаењето кое нѐ издвојува и обединува. Посебно сум благодарна што мојата предлог-програма за претседател и мојот избор го потврдија поголемиот дел од нашето членство, што ми влева надеж за подобри времиња и наша целосна соработка – истакна новата претседателка на СОКОМ за „Културен печат“.

Прочитајте и...  Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март
Живеењето во, за и од културата веќе подолго време за сите го помина и работ на можно опстојување / Валентина Велковска-Трајановска

Плановите за понатамошната работа на СОКОМ таа ги доставила при постапката за нејзин избор во форма на предлог-програма, која ги детализира идните насоки на работење на композиторското здружение.

– Има неколку горливи прашања што би морале да ги решиме, а што зависат од нашата соработка со надлежното министерство, останатите институции и севкупно останатите чинители на музичкото живеење на домашен и на меѓународен план. Живеењето во, за и од културата веќе подолго време за сите го помина и работ на можно опстојување, поради што мора да се изнајдат начини што би го помогнале опстанокот на нашите дејности – потенцира Валентина Велковска-Трајановска.

Новото Претседателство на СОКОМ го сочинуваат композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски и м-р Борис Светиев, како и музиколозите проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска и д-р Мирјана Павловска Шулајковска. За Претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.

Прочитајте и...  Излезе „Културен печат“ број 70 во весникот „Слободен печат“

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 февруари 2021)

Поврзани вести

Излезе „Културен печат“ број 70 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

ПМГ Џез: Јордан Костов квинтет ќе настапи во МКЦ

Тони Димков

Книжевен превод: Книгата „Сага за Олаф Светиот“ е скапоцен камен меѓу исландските саги

Тони Димков

Прозно дело: „Гордиот Дабидеш“ од Ирена Доускова

Тони Димков

Книга за деца: Средба со приказните за Итар Пејо

Тони Димков

Македонски музички архив: Излезе првиот том на „Македонски рок времеплов“

Тони Димков

Остави Коментар