Ново предупредување на Ердоган: „Ќе ви испратам терористи“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Европската Унија дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на терористичката организација Исламска држава и да ги испрати назад во Европа.

– Би требало да го ревидирате вашиот став кон Турција, која има толку членови на ИД во затвор и ги контролира во Сирија – рече Ердоган за новинарите на аеродром, пред неговото заминување во САД, пренесува „АП“.

Ова е неговата реакција на најновите санкции кои ЕУ ги најави за Турција поради Кипар и додаде дека Турција ќе продолжи да ги враќа странските припадници на ИД во своите матични земји, дури иако тие одбиваат да се враќаат.

Европската унија вчера го претстави системот по кој ќе воведува санкциите за Турција поради тоа што неовластено бушеле во водите на Средоземното Море кај Кипар, поради експлоатација на гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот