Ново правило во НБА лигата, судиите и тренерите мора да бидат вакцинирани

Задолжителна вакцинација за сите инволвирани во НБА натпреварите/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Процентот на вакцинирани луѓе во Соединетите Американски Држави расте од ден на ден со надеж дека на тој начин ќе заврши наскоро пандемијата на коронавирус.

Публиката полека се враќа на трибините во арените и во САД и во следниот период се очекува поголем капацитет за навивачите во НБА лигата.

И најсилната кошаркарска лига во светот ќе доживее промени, односно се најавува задолжителна вакцинација за сите учесници.

Шамс Чаранија, новинарот на „Атлетик“ известува дека НБА лигата објави дека сите ќе треба да се вакцинираат.

– Сега, сите судии, тренери, официјални лица од прв ред и целиот друг персонал кој е во контакт со играчите ќе мора да имаат задолжителна вакцинација пред новата сезона во НБА – пишува Чаранија.

Потсетуваме, новата сезона започнува на 19 октомври и дека големото финале ќе се одржи на 2 јуни 2022 година, што се датуми на кои некако бевме навикнати пред пандемијата на коронавирус.

ВИДЕО: Полицаец во САД стави колено на вратот на НБА кошаркар при негово апсење

Видео на денот