Ново правило: Кој ја прифати Суперлигата, „лета“ од Серија А!

epa09143632 Juventus' Giorgio Chiellini (R) and Adrien Rabiot react during the Italian Serie A soccer match Atalanta BC vs Juventus at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 18 April 2021. EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Јувентус, Интер и Милан повеќе сакаа, остатокот од Италија се исплаши дека ќе добие помалку и засекогаш ќе ја загуби финансиската трка со трите најголеми клуба од Апенините.

Би изгубиле и првите луѓе на италијанскиот фудбал, секако финансиски, па затоа реагираа денеска со цел да се спречи можноста ваквите испади да се повторат во иднина, во овој случај неуспешниот проект „Суперлига“.

Имено, Италијанците воведоа нова регулатива според која клубовите доколку прифатат учество во приватни натпреварувања кои не ги признаваат ФИФА, УЕФА и националната фудбалска асоцијација ќе бидат исфрлени од Серија А.

Засега нема да има казни, барем не од Фудбалската асоцијација на Италија, но доколку некој одлучи да се закани дека ќе учествува во некое елитно натпреварување, тие ќе го загубат своето место во националното првенство.

Тоа е веќе и сериозен финансиски минус, а да не го спомнуваме гневот на навивачите кој би се појавил доколку некој од споменатата „тројка“ ѝ сврти грб на цела Италија.

Што се однесува до Серија А, приказната за Суперлигата веројатно е завршена. Барем до нови понатамошни информации. Секако постои опција да се прошири Суперлигата, да се игра двапати неделно и со тоа да се надоместат изгубените пари, но таквата можност во моментов не изгледа реална.

Главниот финансиер се откажа од Суперлигата: Погрешно ја проценивме ситуацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот