Ново одморалиште кое нè „влече“ кон Карибите

Со 365 прекрасни плажи со бел песок и богата историја со јахтинг, станала едно од омилените места за љубителите на морето, Антигва е вистински скапоцен камен.

И покрај сите пофалби, овој остров има многу малку луксузни сместувања во понудата, а тоа конечно почнува да се менува. Rosewood планира да воведе свое одморалиште за неколку години, додека од минатиот декември, патниците имаат прилика сосема новиот имот да го наречат свој дом на оваа некогашна британска колонија.

„Hodges Bay Resort & Spa“ додаде колекција од 79 луксузни сместувачки единици вредни 100 милиони долари на оваа дестинација. Почнувајќи од 46 квадрати, сите соби во одморалиштето поседуваат приватни балкони и најнова технологија, вклучувајќи го и Амазон Ехо за гласовна контрола на консиерж услуги. Ако ви е потребен дополнителен простор, тогаш ќе уживате во пространи вили, кои имаат од една до четири спални соби и имаат до 350 квадрати. Најголемата од нив се протега на три ката и има приватен инфинити базен и флексибилни стаклени врати за идилично уживање во островскиот начин на живот.

Со цел да го пополните вашето време, овој комплекс ви нуди голем број на активности и услуги. Можете да уживате во морето, да ги посетите блиските острови, може да нуркате или да ја апсорбирате енергијата на романтичното зајдисонце. Ако преферирате времето да го поминувате на копно, треба да знаете дека тука ви се на располагање два базени: едниот е наменет за семејства, додека другиот е создаден само за возрасни и се наоѓа во близина на плажата и има сопствен бар.

Ако сакате велнес, релаксирачкиот спа центар со сауна и парна соба ќе ве воодушеви, како и двата тениски терени, врвниот фитнес центар и простор за вежбање јога и пилатес. Ниедно одморалиште нема да биде комплетно без неколку ресторани, а ова во својата понуда има дури три, па веруваме дека ќе бидете задоволни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот