Ново одделение за нуклеарни преговори меѓу САД и Северна Кореја

САД- Северна Кореја/ Фото Архива на Слободен печат

Неименуван претставник на јужнокорејското Министерство за обединување на двете Кореи денеска изјави дека најверојатно во севернокорејското Министерство за надворешни работи е формирано ново одделение за нуклеарните преговори со САД.

Тој додаде дека Северна Кореја „го изгубила интересот за дијалог и оти ќе оди по својот пат”.

Неговата изјава предизвика шпекулации дека станува збор за новоформирано одделение, бидејќи такво тело не се спомнувало во севернокорејските медиуми, а МНР на Северна Кореја веќе има одделение посветено само на односите со САД.

– Се чини дека сигурно станува збор за ново воспоставена функција, посочи јужнокорејскиот неименуван извор.

Во вчера објавеното соопштение на севернокорејското МНР, Пјонгјанг го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео поради неговото залагање за задржување на санкциите кон Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот