Ново музичко доживување во Аудиокултура: „Live at Audiokultura“ со Петар Марков Квартет

Фото: Стефан Рајхл

По тригодишниот застој предизвикан од светската пандемија, функционирањето во стеснети кругови остана комфорна зона од која дури и во поголеми количини се исцрпуваат уметничките па и животните задоволства.

Масовните собири кои создаваа еуфорија и емотивен занес спонтано се заменија со посета на помали сцени од кои извира суптилна доминација на урбана перфекција, софистицираност, врвен квалитет и неограничени можности за апсорпција на сите благодати кои ги нудат музиката и уметноста генерално.

Во Аудиокултура се реализираше уште еден „Live at Audiokultura“ настан на кој настапи извонредниот млад музички состав Петар Марков Маруш Квартет.

Фото: Стефан Рајхл

Концептот за кој одамна се зборува во суперлатив, сталожено продолжува да биде инспирација за поддржувачи на вистински вредности и траекторија на која има доволно место за сите респектабилни чинители на општество кое се стреми да гради светла музичка иднина.

Одличниот избор од џез композиции во фантастична изведба на Петар Марков Маруш квартет креираше атмосфера на гламур, ентузијазам и позитивни вибрации. Сосема соодветно на препознатливите високи стандарди за музика и врвен звук кои ги поставуваат Аудиокултура и teoharov audio преку чии системи се реализира звучната репродукција на настапите во живо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот