Ново изненадување на Ролан Гарос, Осака во аут

фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Изненадувањата на Ролан Гарос во женска конкуренција продолжуваат со елиминацијата на првата фаворитка Наоми Осака. Младата јапонска тенисерка по двете победи со пресврти во првите две кола, во третото е поразена од Катерина Синиаткова со 6:4,6:2.

Осака беше очајна против Синиаткова која е најдобра тенисерка во дубл, правејќи дури 37 неизнудени грешки.

За разлика од Осака, проблеми немаше Романката Симона Халеп која со убедливи 6:2,6:1 ја елиминира Лесиа Цуренко и со Серена Вилијамс и Гарбине Мугуруза останаа главни фаворитки за титулата.

Во машка конкуренција, Новак Ѓоковиќ се пласира во 13. осминафинале на Ролан Гарос откако со 6:3, 6:3, 6:2 го совлада Салваторе Карузо.

Најинтересниот дуел од третото коло го доби Станислас Вавринка кој со 3:0 во сетови го елиминира Григор Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот