Новo истражување: Тоалети во Ерусалим го откриваат најраниот случај на паразит што предизвикува дијареја

Фото: Facebook/ IFL Science

Во новата студија, објавена во списанието „Паразитолоџи“, се вели дека античките жители на Ерусалим веројатно биле заразени со дизентерија. Овие податоци се добиени од истражувањата на два тоалети од железното време во близина на Стариот град, во Ерусалим, пренесува „Лајв сајенс“.

Откриено е дека двата левантински тоалети, пронајдени во елитни, резидентни објекти од 7 век п.н.е, содржат траги од видот бактерија наречена „Giardia duodenalis“, која предизвикува тешка дијареја со крв и други цревни проблеми. Двата тоалети се практично идентични по дизајн, составени од врежано камено седиште кое има голема централна дупка и една помала дупка. Едниот тоалет бил пронајден во вила, додека другиот се наоѓал во резиденцијална куќа на семејство од повисока класа.

Првично откриени за време на ископувањата во 2019 година, античките тоалети биле микроскопски испитани, при што е откриено присуството на мноштво паразити, вклучувајќи кружен црв, тенија и други црви. Микроорганизмите како „Giardia“ е тешко да се забележат во древните примероци, па тимот одлучил да користи антитела за да ги бара овие паразити кои ги уништуваат цревата.

Потврдувајќи го присуството на бактеријата во двата тоалети, истражувачите велат дека нивните наоди претставуваат „најраниот доказ за идентификуван паразит“.

„Фактот дека овие паразити биле присутни во седиментот од двата тоалети во Ерусалим од железното време, сугерира дека дизентеријата била ендемична во Кралството Јуда.“, изјавил авторот на студијата д-р Пирс Мичел.

Инаку, новите откритија им овозможуваат на истражувачите да стекнат нови перспективи за древните медицински текстови во Месопотамија.

„Овие рани пишани извори не ги даваат причините за дијареја, но нè охрабруваат да примениме современи техники за да истражиме кои патогени можеби биле вклучени“, додал Мичел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот