Ново истражување: Арктикот се загрева речиси четири пати побрзо од глобалниот просек

unsplash
Фото: Unsplash / Jay Ruzesky

Глобалното затоплување предизвикано од климатските промени влијаело на Арктикот многу повеќе отколку што се мислеше, велат финските научници. Според новото истражување на научниците од Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки, арктичкиот регион се загреал речиси четири пати побрзо од глобалниот просек во последните 43 години, пренесуваат странските медиуми.

Некои области на Арктичкиот Океан се загреале седум пати побрзо од планетата како целина. Климатските модели досега го прецениле ефектот на таканареченото поларно засилување, според научникот Мики Рантанен.

Минатите студии покажаа дека Арктикот се загрева двојно побрзо од другите области, додека работната група на Арктичкиот совет со седиште во Тромсе, Норвешка, во март 2021 година објави дека зголемувањето на просечната температура на Арктикот помеѓу 1971 и 2019 година било 3,1 степени Целзиусови, што е околу три пати повеќе од глобалниот просек.

Финските научници повисоките бројки ги припишуваат на силното и постојано затоплување на Арктикот, но и на дефиницијата за Арктикот – целата област која се наоѓа во арктичкиот круг, како и на фактот дека тие собирале податоци од 1979 година – годината кога станале достапни подетални сателитски слики.

Според научниците, степенот на поларните амплификации е последица на климатските промени предизвикани од човеки фактори, како и природни долгорочни климатски флуктуации. Двата фактори во изминатите 43 години допринеле за оваа алармантна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот