Ново истражување: Редовните попладневни дремки нудат подобра ментална агилност

unsplash

Редовните попладневни дремки може да бидат поврзани со подобра ментална агилност, открива една нова студија. Истражувачите откриле дека спиењето во попладневните часови е поврзано со подобра свест, вербална флуентност и работна меморија кај постарото кинеско население.

Студијата, објавена во електронското списание „General Psychiatry“ го испитувала начинот на спиење на 2.214 здрави луѓе на возраст од 60 години и повеќе, во неколку големи градови во Кина, вклучувајќи ги Пекинг и Шангај.

Од оние кои учествувале во истражувањето, 1.534 редовно спиеле попладне од пет минути до два часа, додека останатите 680 не го правеле тоа.

Учесниците во истражувањето биле запрашани колку често „дремнуваат“ во текот на неделата, а одговорите се движеле од еднаш неделно до секој ден.

unsplash

Просечната должина на ноќниот сон била околу 6,5 часа и во двете групи, иако не биле земени никакви информации за специфичното времетраење или времето на нивните попладневни дремки.

Сите учесници учествувале во скрининг тест за деменција за да ги проценат когнитивните функции на нивниот мозок. Овој тест открил „значајни“ разлики во нивната свест, вербалната флуентност и меморијата – особено кај групата која практикува пладневни дремки.

Покрај намалувањето на поспаноста, дремките во текот на денот нудат различни придобивки како што се консолидација на меморијата, подготовка за последователно учење, подобрување на функционалноста и зајакнување на емоционалната стабилност, но овие ефекти не беа забележани во сите случаи“, велат истражувачите.

Сепак, авторите на студијата истакнаа дека досегашното истражување не може да заклучи дали попладневните дремки спречуваат деменција и когнитивен пад кај постарите луѓе или дали тие можат да бидат симптом на деменција.

unsplash

Научниците продолжуваат да работат на разоткривање на односот помеѓу спиењето и деменцијата. Невообичаните модели на спиење се вообичаени за луѓето со деменција, но истражувањето сугерира дека промените во сонот може да бидат очигледни долго пред да почнат да се покажуваат какви било симптоми како губење на меморијата“, вели д-р Сара Имарисио, раководител на Алцхајмеровото истражување во Велика Британија.

Таа вели дека во оваа студија, научниците не биле во можност да откријат дали попладневните дремки директно влијаат на меморијата и размислувањето, но сепак се покажа дека има некаква поврзаност меѓу нив.

Имено, приближно 5-7 проценти од луѓето постари од 65 години во развиениот свет се погодени од деменција.

unsplash

Истражувачите велат дека една теорија што може да ги објасни нивните откритија е дека сонот го регулира имунолошкиот одговор на организмот и се смета дека дремењето е еволуиран одговор на инфламација.

Лицата со повисоки нивоа на инфламација, исто така, дремат почесто“, се вели во студијата.

unsplash

Тие, исто така, забележаа дека има варијации во придобивките што треба дополнително да се испитува. На пример, подолгите дремки биле поврзани со пад на когнитивната функција, додека пократките (помалку од 30 минути) и почестите дремки се поврзани со помал ризик од развој на Алцхајмерова болест.

Авторите имаат намера да ги продолжат своите истражувања за да ги разберат деталите на овие појави и се надеваат дека ќе објават повеќе работи поврзани со оваа проблематика во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот