Ново истражување носи лоши вести: Бразилскиот вид се менува за да ја намали ефективноста на вакцините

Ковид / Фото: EPA-EFE/Genival Paparazzi

Научниците во Бразил утврдија дека новиот вид на коронавирус П1, кој е одговорен за моменталниот смртоносен бран на ковид-19 во таа земја, мутира така што обезбедува поголема отпорност на антитела создадени од вакцините.

Ројтерс пренесува дека научниците од Фондацијата Освалдо Круз од Рио де Жанеиро (Фиокруз) спроведоа истражување на видовите кои циркулираат во Бразил и пронашле мутации во „спајк“ делот на вирусот кој е одговорен за влез и заразување на клетките.

Научниците соопштија дека тие промени би можеле да го направат вирусот отпорен на вакцини кои целат на „спајк протеинот“ и веруваат дека тоа е уште еден механизам кој го произведува вирусот за да избегне делување на антителата.

Ројтерс пренесува дека Фелипе Навека, еден од авторите на студијата која Фиокруз ја спроведе во амазонскиот град Манаус, каде се верува дека е создаден сојот П1, рекол дека изгледа дека овие промени се слични на мутациите во уште поагресивната јужноафриканска варијанта на коронавирусот, за која истражувањата покажаа дека значително ја намалува ефикасноста на некои вакцини.

-Ова е особено загрижувачките бидејќи вирусот продолжува да ја забрзува својата еволуција, рекол Навека, пренесува агенцијата.

Студиите покажале дека сојот П1 е дури 2,5 пати позаразен од оригиналниот коронавирус и поотпорен на антитела, а за Естер Сабино, научничка од медицинскиот факултет на Универзитетот во Сао Паоло, мутациите на сојот П1 не се изненадувачки во поглед на брзото пренесување.

-Ако имате високо ниво на пренос, како што е моментално во Бразил, ризикот од нови мутации и варијатни расте, рекла Сабино, а наведува агенцијата.

Ројтерс пренесува дека досега вакцините, како оние кои ги развија „Астра-Зенека“ и кинески „Синовак“, со покажале ефикасни против бразилскиот вид, но дека Сабино смета дека понатамошни мутации би можеле да го сменат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот