Ново истражување: Многу луѓе веќе имаат одреден степен на имунитет на ковид-19, еве зошто

При влегувањето во човечкото тело, вирусот предизвикува антитела од претходни инфекции, покажа новата студија. Овие откритија исто така може да објаснат како претходната изложеност на вирусот влијаела на разликите во компликацијата на болеста кај млади и стари пациенти.

Резултатите од студијата спроведена од Универзитетот во Северна Аризона и „Translational Genomics Research Institute“ сугерираат дека имунолошкиот систем на луѓето заразени од ковид-19 се потпира на антитела создадени за време на инфекции со претходни коронавируси.

Имено, пандемијата на ковид-19 не е прва средба на човештвото со коронавирусот. Пред вирусот „SARS-CoV-2“, луѓето се сретнале со уште најмалку шест други типа на коронавирус.

Студијата се обиде да разбере како ковид-19 влијае на имунолошкиот систем на луѓето и како предизвикува антитела.

EPA EFE
EPA EFE

Анализите неодамна беа објавени во списанието „Cell Reports Medicine“. Резултатите сугерираат дека вирусот кој го предизвикува ковид-19 може да предизвика одговор на антитела што постоел кај луѓето дури и пред моменталната пандемија.

Ова значи дека веќе може да имаме одреден степен на веќе постоечки имунитет на овој вирус“, вели авторот на студијата Џон Алтин.

Прочитајте и...  ВИДЕО | „Амин“: Австрија и Словенија со истоимени песни на Евровизија

Ова откритие може да им помогне на истражувачите да направат нова дијагностика, да ја проценат можноста за обновување на плазмата, да развијат нови терапевтски третмани и – што е најважно – да помогнат во дизајнирањето на идните вакцини или терапии со моноклонални антитела способни да штитат од можни мутации на вирусот.

EPA EFE
EPA-EFE/LYNN

Истражувачите користеле алатка наречена „PerSeq“ за мапирање на одговорот на антителата кон коронавирусите. Оваа нова технологија овозможува изградба на разновидни базени на пептици, кратки ланци на амонокиселини поврзани со ДНК. Овие групи на молекули овозможуваат длабинско испитување на одговорите на антителата кон вирусите.

Податоците генерирани со употреба на „PepSeq“ дозволија широко карактеризирање на одговорите на антитела кај лица кои неодамна биле заразени со „SARS-CoV-2“ и споредба со лица изложени на претходни коронавируси, кои веќе се присутни во популацијата“, објаснува Џејсон Ладер од Институтот за патогени и миркробиоми.

Покрај „SARS-CoV-2“, истражувачите тестирале и реакции на антитела од два потенцијално смртоносни коронавируси: „MERS-CoV“ и „SARS-CoV-1“. Сите три вируси еволуирале, „скокнале“ од животни на луѓе и станале нови човечки патогени.

Прочитајте и...  ФОТО | Одлични фризури за оваа пролет: Стилизирајте ја вашата коса вака и ќе изгледате двојно помладо!

Тие, исто така, испитувале одговори на антитела на четири постари коронавируси: алфа-коронавируси „229E“ и „NL63“ и бетакоронавируси „OC43“ и „HKU1“.

Тие „вообичаени“ коронавируси се ендемични кај човечката популација, но обично не се фатални и предизвикуваат лесни инфекции на горниот респираторен тракт слични на настинка.

Се покажа дека „SARS-CoV-2“ може да активира антитела во имунолошкиот систем, првично произведени како одговор на минати инфекции на коронавируси.

Оваа вкрстена реакција се случила на две места во шилестиот протеин на „SARS-CoV-2“. Станува збор за протеин кој се врзува за „ACE-2“ протеините на човечките клетки за да го олесни влегувањето на вирусот и инфекцијата на клетките.

Прочитајте и...  Објавена книга со нови детали за љубовната приказна на Емануел Макрон и 24 години постарата Брижит Макрон

Ова може да ги објасни различните реакции на пациентите на ковид-19, зошто некои имаат лесни или дури и немаат симптоми, додека други развиваат тешки инфекции кои бараат хоспитализација и често доведуваат до смрт. Разликите во веќе постоечкиот одговор на антителата би можеле да објаснат и некои разлики во манифестацијата на ковид-19 кај луѓето во зависност од возраста.

Нашите откритија сугерираат дека природата на одговорот на антителата на претходната ендемиска инфекција со коронавирус може да влијае на текот на болеста ковид-19“, вели Ладнер, според „Sci Tech Daily“.

Британски, бразилски, јужноафрикански: Што засега се знае за новите соеви на коронавирусот и колку се опасни?

Поврзани вести

ВИДЕО: Се шокирала кога видела што се шета во пакетот со облека кој го нарачала од интернет

Слободен печат

ВИДЕО | Неверојатна оптичка илузија: Додека поминувате покрај оваа куќа во Австралија, таа ротира!

Слободен печат

ФОТО: Поранешна зависничка која се предозирала 19 пати воодушеви многумина со фотографиите од својата трансформација

Слободен печат

Мачу Пикчу повторно отворен за туристите: Бројот на посетители ќе биде ограничен и под строги мерки

Слободен печат

ВИДЕО: Пет големи хитови кои требало да бидат отпеани од сосема други личности

Слободен печат

Ризични и смртоносни предизвици омилени меѓу младите на социјалните медиуми и дел од нив актуелни на Балканот

Слободен печат

Остави Коментар