Ново германско истражување не дава надеж: Влијанието на вакцина против коронавирус е доведено во прашање
Студија на научници од Минхен покажува дека антителата против коронавирусот не се задржуваат во телото подолго од неколку месеци што ги доведува во прашање евентуалната вакцина и долгорочниот имунитет.
Тестовите на излечените пациенти во клиниката Швабинг во Минхен покажале значаен пад на бројот на неутрализирачки антитела во крвта, изјави Клеменс Вендтнер, советник на оделот за заразни болести во болницата.
„Кај четири од девет пациенти воочивме пад на неутрализирачките антитела на многу специфичен тест кој може да се спроведе во лабораторија“, вели Вендтнер.
Резултатите посочуваат дека пациентите кои се излечиле може повторно да се заразат со вирусот, но потребни се додатни тестови за тоа да се потврди, вели Вендтнер.
Откритието на Вендтнер се совпаѓа со други спроведени истражувања во светот.
Научниците открија дека антителата нагло исчезнуваат откако ќе се прележи коронавирусот
Кинеските научници во магазинот Нејчр (Nature) известија дека присустноста на антителата на коронавирусот во крвта опаѓаат значително по два месеци.
Тоа посебно се однесува на асимптоматските заболени кои произведуваат помала количина на антитела и заради тоа имаат послаба имуна реакција.