Ново финале за Вардар, против Загреб за трофејот во СЕХА

Вардар по седми ќе игра во финалето на СЕХА лигата откако во полуфиналниот дуел со организаторот на Ф4 турнирот, Брест Мешков беше посилен од публиката, судиите и противничките ракометари и на крајот славеше со 25:23. Последна пречка на Вардар во големото финале ќе биде екипата на Загреб која во хрватската пресметка во првото полуфинале го совлада Нексе со 28:23.

Првото полувреме Вардар го реши во своја корист со 14:10 благодарение на одличната игра во одбраната и голманот Милосављев. Сепак во втор
иот дел ракометарите на Мешков го засилија темпото, заиграа поцврсто во одбраната и не му дозволија на Вардар да постигне гол цели пет минути со што повторно се вратија во натпреварот и со неколку чудни судиски одлуки дојдоа и до водство (18-19).

Сепак, Вардар многу брзо го возврати ударот и со серија од 3:0 по исклучувањето на Шумак повторно се врати во водство (23:21) кое знаеше како да го задржи до крајот на натпреварот.

Дејан Милосављев блескаше на голот на Вардар со 15 одбрани, додека во нападот одличен беше капитенот Стојанче Стоилов со седум постигнати голови без ниту еден промашен шут, а Даинис Кристопанс даде пет голови.
Финалниот натпревар ќе се игра утре во 19 ч., а Вардар ќе игра за својот петти трофеј во СЕХА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот