Ново енергетски ефикасно осветлување во стариот дел од Градски парк (ФОТО)

Вториот дел од Градскиот парк деновиве добива ново енергетски ефикасно осветлување. Старите и дотраени светилки, се заменуваат со нови штедливи лед светилки, се пофали на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов информира дека досега се поставени околу 70 лед светилки, а вкупно ќе бидат поставени околу 100 лед светилки.

Новото осветлување, потенцира тој, дополнително ќе го разубави амбиентот во овој дел од Градскиот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот