Новитети во Советот на Град Скопје — советниците поставуваат прашања, на крајот „топтан“ ќе им се одговараат
За Евгенија Станковска од Левица ова претставува, како што рече, бесрамно кршење на Деловникот што според неа се случува од две причини, од кои едната е да се менаџира малку агресивниот начин на одговори на градоначалникот.
Нов начин на одржување на советнички прашања се применува од денеска во Советот на Град Скопје. Како што објасни претседателот на Советот, Даме Димитровски, советниците, по принцип два од опозиција и еден од позиција, наизменично, најпрво ги поставуваат прашањата кон градоначалникот, службите или јавните претпријатија, а откако ќе завршат со поставување прашања тогаш следуваат одговори на прашањата – усно или писмено.
Препорачано
Според него, ова било договорено на вчерашната координација на координаторите на советничките групи, во насока на подобрување на работата на Советот.
Но, како што истакна координаторката на СДСМ и коалицијата, Катерина Арсовска Цаневска, тие на координацијата не го поддржале овој предлог затоа што со него се укинува дебатата во Советот.
За Евгенија Станковска од Левица ова претставува, како што рече, бесрамно кршење на Деловникот што според неа се случува од две причини, од кои едната е да се менаџира малку агресивниот начин на одговори на градоначалникот.
Очигледно неговите најголеми ПР-„утки“ на овие седници се случуваат кога ќе се изнервира градоначалникот кога ќе се постави некое малку деликатно советничко прашање и после гледаме дека му паѓа рејтингот затоа што си го покажува вистинското лице пред јавноста, па вака сакаат да му дадат малку време да се смири, да се консултуира со тимот што да одговори и тука да излезе да продолжи да промовира работи што не се завршени. Втора причина е што сите тука само сакате да завршиме побрзо и да си одите дома и стварно не знам како не ви е срам, земате 44 илјади денари, имаме седница еднаш месечно и не може да издржите да седите тука повеќе од три саати и да си го заработите паушалот. Срамно е ова, ние сме против ова и не ми се верува дека ова воопшто се случува во Совет – рече Станковска.
Катерина Јовановска од Левица исто така посочи дека ваквиот начин не бил прифатен вчера на координација од сите координатори туку бил даден само предлог.
„Лајка“ бара трпение од граѓаните: Глутниците кучиња низ Карпош се плашливи и тешко се заловуваат
Попродуктивно е да се поставуваат неколку прашања и да се дава одговор како што беше досега, смета и советникот од ЗНАМ, Горанчо Котевски. Според него не треба да се држат две седници во еден ден, заради напорот и продуктивноста на работата на советниците.
Сепак, денешната седница на Советот на Град Скопје се одвива на начинот што го кажа Димитровски, се разбира со премолчено одобрување од советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се и најбројни во Советот.
Досега повеќе од еден час тече поставувањето советнички прашања, поставени се повеќе од 30-тина, на кои откако ќе заврши овој дел, треба да одговара градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорите на јавните претпријатија. Граѓаните кои ја следат онлајн седницата ќе треба потоа да се снаоѓаат кому и што се одговара.


