Новитет во Центарот за естетска дерматологија во клиниката „Жан Митрев“: Иднината е во комплетното мапирање на кожата – Добредојде ФотоФајндер!

Фото: Промо

Во Центарот за естетска дерматологија при клиниката „Жан Митрев“ отсега на располагање е технолошки напредниот апарат за комплетно мапирање на кожата на целото тело, познат како ФотоФајндер (FotoFinder).

Иако вообичаено мај е месецот кога зборувавме за подигнување на свеста за ракот на кожата, сепак би сакале да потсетиме дека редовните прегледи кај дерматолог се неопходни за вашето здравје. Особено поради фактот дека меланомот – ракот на кожа се развива подмолно, без речиси никакви симптоми, а неговото навремено откривање може да спаси живот. ФотоФајндер обезбедува врвна технологија, која вклучува вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки. Притоа прегледот се изведува на хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри, што е особено важно во време на пандемијата на ковид-19. Благодарение на модуларниот дизајн, функционалноста на ФотоФајндер може да се прилагоди на поширок опсег на услуги во секое време, без разлика дали се работи за дермоскопија, фотографирање на целото тело, консултација за коса (трихоскопија), капилароскопија или естетика. Неговите иновации ќе ги воодушеват пациентите!

Фото: Промо

Како работи ФотоФајндер?

Во време на корона, секој миг е важен. Со ултрабрзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција, заштедува време, а контролите на кожата ги подигнува на сосема ново ниво на квалитет. Самиот преглед е безбеден, бидејќи се случува на оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6 метри.

Мозаикот наречен бенки

Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси. Овој таканаречен ,,мозаик приказ“, помага да се идентификуваат сомнителните лезии уште веднаш. Со тоа, видео-дермоскопскиот преглед се фокусира само на неколку атипични лезии за кои е потребна дополнителна проценка. Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум.

Tехнологија на вештачка интелигенција AI за комплетно мапирање на кожата

Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI). Токму Фотофајндерот со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бенки Moleanalyzer Prо, кој дозволува предпроценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии, користејќи алгоритам базиран на,,длабоко учење“, тестиран при клинички испитувања.

Дермоскопија со максимална хигиена

Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да ја искористите видео-дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. ФотоФајндер медикам доаѓа со заменливи предни капачиња, кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент. Особено во услови на корона-пандемија, која трае подолго време, сигурни сме дека не сте направиле редовна контола и затоа би сакале да ве потсетиме дека особено во случај на малигнен меланом, раното откривање може да спаси живот!

 За да закажете кај дерматолозите, јавете се во Центарот за естетска дерматологија на 02/3104-910.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот