Новите униформи на Армијата според Уставот и Уредбата на претседателот

Новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот. Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако вчера претседателот Стево Пендаровски  ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.

Новата процедура, како што рече, ќе започне согласно со новата Уредба на претседателот и за тоа ќе треба време согласно закон.

– Не е добро да се влечат процедурите и да се работи без процедури. Тоа го кажавме  од почетокот. Можевме да прифатиме униформи кои нема да одговараат на стандардите и на спецификациите, но рековме дека со неквалитет армијата и досега платила голема цена, рече Шеќеринска, одговарајќи на новинарски прашања при презентацијата на опремата од вежбата „Одлучен удар”, што е изложена вечерва во центарот на Скопје.

Како што посочи, не се фокусирани за замена на униформите на Денот а Армијата – 18 август, со оглед дека станува збор за борбени, а не за службени униформи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот