Денеска обвинение за „Рекет”, новите осомничени викнати во суд

Фото: Слободен печат

Новоосомничените кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост за случајот „Рекет” денеска се повикани во Кривичниот суд во Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

Денеска исказ ќе треба да дадат потпретседателката на Собранието на Македонија, Фросина Ременски, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, како и Кристина Карајованова соработничката на Боки 13.

Синоќа на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ откако даде исказ пред судија на преходна и беше одреден домашен притвор. Осомничен е и претходно притворениот Бојан Јовановски. Овој пат за нови кривични дела.

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека за останатите меѓу кои и Ременски се одредени мерки на претпазливост.  Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Русковска синоќа најави деке денеска ќе биде поднесено обвинение за случајот „Рекет“.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница“ соопшти утрово Основениот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, како што е наведено во соопштението од Судот, во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера ја информираше јавноста дека истрагата за „Рекет” е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама” и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Второосомничен за кривично дело за трговија со влијание е Зоран Милески-Кичеец, додека поранешната шефица на СЈО Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот