Новите странски студенти нема да можат да одат во САД ако предавањата се одржуваат онлајн

Студенти фото ЕПА

Федералната служба за имиграција соопшти дека новите студенти од странство нема да можат да влезат во САД доколку имаат предавања само преку Интернет во есенскиот семестар.

Во писмото до факултетите, американската Служба за царини и имиграција соопшти дека студентите кои не се запишани до 9 март годинава „најверојатно нема да можат да добијат визи” доколку нивните предавања се одвиваат онлајн.

Оваа одлука ќе влијае на оние кои ги започнуваат студиите оваа година, и ќе имаат онлајн предавања поради пандемија на коронавирус.

Студентите кои веќе се во САД или се враќаат од странство и имаат визи, ќе можат да влезат во Америка, иако имаат онлајн предавања. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја повлече претходната регулатива со која им забранува на сите студенти од странство да престојуваат во САД доколку ги следат предавањата преку Интернет.

Некои универзитети, како Харвард и Универзитетот Јужна Калифорнија, веќе им соопштија на бруцошите дека нема да можат да доајдат од странство, бидејќи одлучиле наставата да ја држат онлајн.

Американските факултети веќе забележуваат значителен пад на бројот на студенти од странство, како резултат на пандемијата и бавниот процес на издавање визи. Со тоа веројатно финансиски ќе бидат оштетени факултетите, затоа што студентите од странство плаќаат поскапи школарини.

Се проценува дека околу 1,1 милиони странски студенти студирале во САД во генерацијата 2018-19, а Советот за високо образование проценува дека само 250.000 ќе се запишат оваа есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот