Новите пријателки во „And Just Like That“ носат свежина во стилот: Ова се нивните најубави комбинации

сексот и градот
Фото: Принтскрин / Instagram

Продолжението на популарната серија „Сексот и градот“ наречено  “And just like that“ можеби разочара многумина кога е во прашање насоката на дејството, но новите епизоди секако ни носат нови стилски изданија на познати актерки кои несомнено ќе ве инспирираат  за вашиот следен изглед. 

Стилот на актерките во продолжението на серијата „Сексот и градот“

Од најавата за рестартирање на серијата „Сексот и градот“ во која, за жал, не ја гледаме  омилената Саманта, до првите епизоди кои донесоа големи изненадувања и неочекуван тек на дејствување, “And just like that“ не престанува да предизвикува поделени мислења.

И исто како и вториот проект на Дарен Стар – „Емили во Париз“, AJLT носи модни комбинации за кои постојано се зборува. Покрај стандардната постава на Кери, Миранда и Шарлот, кои во новите епизоди, еко-свесно носеа веќе видени модни парчиња, новите членови во серијалот внесуваат разновидност и свежина со своите препознатливи стилови кои секако се инспирација. да ја погледнете серијата и да најдете некои нови стајлинг идеи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEAL THE LOOK (@stealthelook)

Првата меѓу нив е Лиза Тод Вексли, позната и како LTW, која ја игра Никол Ари Паркер. Оваа богата режисерка на документарни филмови и колекционер на уметнички дела е далеку од конзервативните комбинации на нејзината пријателка Шарлот.

 

Лиза Тод Вексли сака светли бои и асиметрични кроеви

Светли бои, асиметрични кроеви и многу извонредни парчиња накит се основата на луксузниот боемски шик промовиран од „LTW“. Во нејзиниот гардеробер можете да најдете комбинезони „Issey Miyake“ и „Zanotti“ штикли, спортски парчиња со потписот на Прада и Фенди. Можевме да ја видиме  како ноншалантно носи ѓердан „Schiaparelli“ со голем рак и го редефинира поимот на лежерно во комбинација на бермуди „Max Mara“ и „Elzing“ блејзери со шарени сандали.

Во гардеробата на Лиза доминираат брендови како „Issey Miyake“, „Zanotti“, „Prada“, „Fendi“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nicoleariparker (@nicoleariparker)

Сима Пател, агент за недвижнини, негува стил кој зрачи со софистицираност

Земјените тонови, светлите бои, темните кармини и златниот накит секако придонесуваат за впечатокот на софистицираност и богатство, а некои парчиња како комбинезонот на Ралф Лорен, чантите Ланвин и неизбежните платформи во кои суверено чекори во секој простор.

Инспирацијата за имиџот на оваа успешна сингл жена во педесеттите ја пронашла естетиката на златното доба на Холивуд и Бјанка Џегер.

Нејзиниот лик има земјени тонови, за кои актерката вели дека придонесуваат за впечатокот на богатството.

Професорот Др.Наја Волас е целосна спротивност на сите хероини

Коса сплетена во долги плетенки, ‘no make up make up look’, порелаксирани кроеви, карирани и други шарени принтови кои се провлекуваат низ комбинации на облека, го прават навидум непретенциозниот стил на оваа моќна професорка.

Професорката сака изглед без шминка и поопуштени кроеви.

И Наташа (Бриџит Мојнахан), поранешната сопруга на г. Биг  непријатно ја изненади Шарлот носејќи рамни чевли.

Познатата Наташа која носи рамни чевли беше изненадување за многумина.

Додека Кери оди на немилосрдни прошетки низ Њујорк со вртоглави потпетици, Наташа совршено се прилагоди на градот со практична и ненаметлива, но повторно многу шик и софистицирана облека во неутрални нијанси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

 

Видео на денот