Новите министри ќе бидат познати до крајот на неделата

Предлогот на премиерот Зоран Заев за новите министри од најавената владина реконструкција треба до крајот на неделата да бидат доставени до Собранието, а предлогот да биде усвоен во наредната седмица.

Премиерот Заев завчера најави дека планира до денеска да ги достави предлозите за реконструкција на Владата, а дека Парламентот планира седница на почетокот на идната недела.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа, вчера соопшти дека предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела и дека во меѓувреме, премиерот ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

– Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, Предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела, рече Хоџа.

По изгласувањето во Парламентот, премиерот најави дека продолжуваат со промената на директорските места и да завршат со кадровските промени.

– Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев кој посочи дека промените се неопходни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот