Новите локни на Џенифер Лопез: 60.000 жени ги сакаат за Нова година! (ФОТО)

profimedia

На латино дивата заштитен знак ѝ беше долгата рамна коса во нијанси на кафена во комбинација со природни тонови. Кога пред неколку месеци ја скрати косата, пријатно ги изненади обожавателите.

Меѓутоа, Џеј Ло едноставно сака долга коса, па и понатаму на настапите носеше додатоци за да ја постигне должината од која толку тешко се откажа.

View this post on Instagram

Big hair Big mood @jlo #dreamcurl

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) on

Во меѓувреме косата ѝ порасна и пејачката како едвај да чекаше да експериментира со неа. Или барем нејзиниот фризер Крис Апелтон, кој е одговорен и за ова издание на сензационално стилизираната коса на познатата пејачка.

Крис на својот инстаграм-профил сподели фотографија од Џенифер со новата фризура, а фановите го замолиле со нив да го сподели туторијалот. Тој одбил, односно одговорил дека е можно, ако секој од заинтересираните уплати еден долар. Според лајковите, досега има повеќе од 60.000 заинтересирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот