Новите истражувања покажаа: Развојот на интелигенцијата кај децата зависи и од оваа важна работа!

профимедиа

Новото истражување на универзитет во Финска покажало дека здравата исхрана влијае на нивото на интелигенција кај децата.

Истражувањето покажа дека детската диета влијае за подобро читање и пишување.

Во студијата биле вклучени 162 деца, на возраст меѓу шест и осум години и истите деца биле следени од страна на истражувачите во период од прво до трето одделение.

Квалитетот на нивната исхрана е анализиран со помош да дневник на исхраната, а успехот постигнат во училиште е анализиран со помош на тестови.

Диетата подразбирала овошје, риба, интегрални житарки, незаситени масти.

Децата кои се придржувале до овој начин на исхрана со најдобар успех ги положиле тестовите за читање и пишување.

Резултатите од истражувањето не се поврзани со социјалниот статус на детето, физичката активност и телесната градба. Тие се поврзани со исклучително здравата исхрана, вели доктор Еро Хапала од универзитетот.

Научниците заклучиле дена здравата исхрана е важен фактор за учењето и способноста на детето. Родителите, но и училиштата треба да им овозможат на децата здрава храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот