Новите царини за увоз на кинеска роба во САД одложени до 15 декември

На официјалниот сајт на Трговскиот претставник на САД денеска излезе соопштение дека е одлучено до 15 декември да се пролонгира воведувањето 10- отстотна царина на редица производи од Кина.

Во оваа категорија спаѓаат мобили телефони, лаптоп компјутери, видео-игри, монитори, обувки, облека и некои играчки. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно укажа дека до 1 август ќе се воведат царини на стоки увезени од Кина чије вредност е 300 милијарди долари.

Меѓународните берзи реагираа позитивно на оваа вест. Порасна цената на нафтата. Така на пример, цената на испораките за октомври на нафта од типот „Брент” порасна за 3.7 отсто до 60.37 долари за барел и растот продолжува.

Трамп и претходно покачуваше царини за кински стоки. Во мај тие беа зголемени од 10 на 25 отсто за стоки во вредност од 200 милијарди долари, потоа тој воведе нови царини од 25 отсто на стоки во вредност од 300 милијарди долари.

Вашингтон ги покачува царините поради незадоволството од тоа како течат трговските преговори со Кина. Доколку се оствареше заканата за нови царини од 1 август, оцаринет ќе беше фактички целиот увоз од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот