Новите членови на Советот на јавни обвинители дадоа заклетва: Ќе работиме чесно, совесно и одговорно

Фото: pravdiko.mk

Новите членови на Советот на јавните обвинители, Фаик Арслани, Антонио Јолевски, Коле Штериев и Фиданка Рајевска, рано утринава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, дадоа свечена изјава и се заколнаа дека функцијата член на Советот на јавни обвинители ќе ја извршуваат чесно, совесно и одговорно и дека ќе ги почитуваат Уставот на Македонија, законите и меѓународнте договори, ратификувани согласно Уставот.

Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Макеоднија по огласот објавен во Службен весник уште во јуни оваа година, но поради предвремените избори, свечената изјава обвинителите ја дадоа четири месеци подоцна.

За член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на ВЈО Битола е избран Антонио Јолевски кој на оваа позиција доаѓа од обвинителството во Битола на местото на Петар Аневски. Од подрачјето на ВЈО Гостивар е избран Фаик Арслани. Пред него оваа функција ја извршуваше Деса Пауновска.

За член на Советот на подрачјето на ВЈО Скопје е избрана Фиданка Рајевска, јавен обвинител во ВЈО Скопје и за член на Советот од посебната листа на кандидати за јавни обвинители кои не се мнозинство во Македонија за целата територија на Македонија е избран Коле Штериев, јавен обвинител во ВЈО Скопје. На Рајевска и Штериев, ова им е втор мандат во Советот на јавните обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот