Новите автомобили од кои сопствениците се најзадоволни

Американската агенција JD Power објави уште една анкета врз основа на истражувањето на новите сопственици на автомобили. Тие ги користеа своите возила 90 дена по купувањето, а потоа мораа да проценат по 90 параметри во 10 категории, вклучувајќи практично сè, од забрзување до мултимедијалниот систем.

Највисоко оценет бренд е повторно Porsche, кој добива 891 поени од 1.000 можни. Второто место го поделија BMW и Genesis (868 поени), а трето и четврто се за Audi и Volvo со 867 и 863 поени.

Најголем раст во ова рангирање забележа Ram. Резултатот на американскиот бренд е подобрен со 26 поени или вкупо 851.

Аутсајдер во рангирањето е марката Mitsubishi, чии автомобили добија 773 поени. Пред неа се позиционирани Buick (800) и Subaru (807), додека најниски резултати кај премиум брендовите добија Infiniti (828), Acura (832) и Jaguar (843).

Прочитајте и...  Војвотката од Кембриџ изневерена и повредена: Кејт Мидлтон доби силна „шлаканица“ од својот најдобар пријател!

Интересно е што моделите на Porsche, првото место дојдоа надминувајќи го Audi A7. Најмногу први места во поединечните категории забележа Ford – моделите на овој производител победуваат во 5 различни класи.

Еве ги победниците во различни сегменти:

Мал автомобил: Toyota Yaris

Мал премиум автомобил: BMW 2-Series

Компактен автомобил: Kia Forte

Компактен спортски автомобил: MINI Cooper

Компактен премиум автомобил: Mercedes-Benz C-class

Среден автомобил: Honda Accord, Nissan Altima и Toyota Camry

Среден спортски автомобил: Dodge Challenger

Среден премиум автомобил: Audi A7

Голем автомобил: Nissan Maxima

Мал SUV: MINI Countryman

Компактен SUV: GMC Terrain

Компактен премиум SUV: BMW X4

Среден SUV: Chevrolet Blazer

Среден премиум SUV: Porsche Cayenne

Среден пикап: Ford Ranger

Миниван: Honda Odyssey

Голем SUV: Ford Expedition

Голем премиум SUV: Lincoln Navigator

Голем лесен пикап: Ford F-150

Голем тежок пикап: Ford Super Duty

Просечната проценка на задоволството кај возилата оваа година е 823 поени од 1.000 можни. Тоа е 3 поени повеќе од минатата година. Својот резултат го подобриле 22 од 32-те имиња на марки вклучени во истражувањето. Тоа, исто така покажува дека јазот помеѓу масовните и премиум брендовите се намалува.

Прочитајте и...  Инфектологот Каламарас на Фејсбук: Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами

Прочитај повеќе

Со оваа маска за лице ќе изгледате 10 години помлади, а потребни се само две состојки!

Васко Спасоски

Несекојдневен настан во с. Белица: Кучето Медо донесе мала срна (ВИДЕО)

Слободен печат

Што е тоа политика, а што се тоа избори

Ненад Јовановиќ

Вирусот постои, не игнорирајте го – порачуваат кумановските инфектолози Јосифова и Бајрами, кои се изборија со болеста

Слободен печат

Интервју со Зорица Десподовска: Освоивме бронза, во Полска доста се напредува индивидуално!

Фидан Коминовски

Стопете го стомакот за две недели: Почнувајте го секое утро со оваа напивка!

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Прсти ќе излижете: Изненадете го вашето семејство денеска со турско ѓомлезе (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Дневен хороскоп за 06.06.2020: Погледнете каков ден ве очекува!

Васко Спасоски

Читајте го бесплатно он-лајн викенд бројот на Слободен печат

Слободен печат

Ахмети посака Албанец за премиер, СДСМ порача дека со овој услов ДУИ нема да бидат дел од владината коалиција

Слободен печат

Активни 1.009 случаи на коронавирус во земјава, очекувањата се вториот бран кратко да трае

Слободен печат

Две години ги избегнуваше медиумите поради уништеното лице: Познатата актерка е свесна дека претерала со операциите! (ФОТО)

Слободен печат