Новиот закон за платежни услуги и платни ситеми поставен на ЕНЕР

Министерство за финансии / Фото: МИА

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој од денеска е поставен за јавна консултација на Единствениот национален регистар за прописи – ЕНЕР, ќе придонесе кон либерализација на пазарот на платежни услуги, информираат од Министерството за финансии. Тој, како што стои во соопштението, ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги, пред сè од ФинТек секторот и ќе поттикне дигитална трансформација на постојните учесници на пазарот. Очекуваното зголемување на конкуренцијата ќе придонесе кон создавање поширок и поквалитетен сет на платежни услуги за потрошувачите и компаниите.

Од Министерството за финансии наведуваат дека законот, на чија поготовка работеа тимот на Министерството за финансии заедно со тимот на Народната банка, во консултации со банкарскиот сектор и другите засегнати страни, ќе обезбеди и повисоко ниво на заштита на правата на корисниците на платежни услуги.

Воедно, додаваат, со неговото носење ќе се подигне нивото на хармонизираност на домашната правна регулатива во подрачјето „Слободно движење на капиталот”, во рамки на нашиот пат за членство во ЕУ, како еден од предусловите за вклучување на Република Северна Македонија во Единствената европска платежна област (СЕПА).

-Во рамки на овој закон, чија примена се очекува од почетокот на следната година, се предвидува и воведување платежна сметка со основни функции, која ќе може да ја отвори секој граѓанин. Отворањето на сметката како и неколку основни платежни услуги, за ранливите категории ќе биде бесплатно, со што ќе се подигне степенот на финансиската инклузија за која се залагаме, истакнуваат од МФ.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи ќе придонесе кон одржување на ефикасен, сигурен и стабилен национален платен систем, подготвен за негова понатамошна платежна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот