Новиот закон за Јавното обвинителство доставен во Собранието

Денеска до Собранието на РСМ беа доставени Предлог законот за ЈО и Предлог законот за именување и дополнување за Советот на ЈО. Истите се архивирани од собраниските служби.

Според информациите, Претседателот Талат Џефери во моментов е на седница, што ќе заврши истата ќе ги разгледа предлозите и ќе постапи согласно Деловникот.

Инаку, Владата на вчерашната 146. седница, со која претседаваше премиерот Заев, го усвои новиот текст на предлог-законот за Јавното обвинителство, при што беше донесена одлука да бидат испратени на усвојување во Собранието со европско знаменце и во скратена постапка.

Министерството за правда предложи, а Владата прифати, во собраниска постапка да биде пуштен и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители заради терминолошко усогласување со предлог-законот за Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот