Новиот вид на ковид-19 откриен и во Шпанија

Ковид тест
Ковид тест, илустрација / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Шпанија е уште еднаод земјите во која е регистриран новиот вид на коронавирусот, кој претходно е откриен во Велика Британија, а за кој се смета дека многу побргу се шири во однос на досегашниот облик на вирусот.

Во соопштението на Заводот за јавно здравје се пренесува дека во Мадрид се откриени четири случаи на новиот вид на ковид-19.

Едниот од заразените во вторникот стигнал од Лондон, додека трите преостанати лица биле во контакт со него и така се заразиле со новиот вид на ковид-19.

Изабел Диаз Ајусо која е дел од регионалната влада во Мадрид ја критикуваше владата на Шпанија за доцна донесената одлука да се стопираат летовите од Велика Британија.

Во извештајот кој го објави Европскиот центар за спречување и контрола на болести се пренесува дека новиот вид на коронавирусо кој мутирал во Велика Британија и кој се шири со голема брзина, го добил името „SARS-CoV-2 VUI 202012/01“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот