Новиот Вардар ќе биде баш нов Вардар – со додавка во името

фото: rtkvardar.mk/Денис Дуковски

Ново-стариот претседател на Вардар, Михајло Михајловски потврди дека од 1 јуни и официјално го презема водењето на европскиот ракометен шампион.
Михајловски истовремено најде начин и како да се заштити од долговите кои ги остави Сергеј Самсоненко иако Русинот ветува дека се ќе биде подмирено до крајот на годината. За

да се заштити од евентуалното неподмирување на долговите од страна на Самсоненко, Михајловски клубот го регистрира како нов субјект со додавка во името, Вардар 1961.

– Во последна фаза сме на преземање на клубот од Сергеј Самсоненко, потоа ќе пристапиме кон тоа да го регистрираме новиот субјект, кој ќе има придавка, Вардар 1961. Нашата цел е да изградиме тим кој ќе може со актуелниот кадар да доаѓа до 1/4-финале во ЛШ, можеби Ф4, силен тим за СЕХА лигата и двојна круна во Македонија – изјави Михајловски за ТВ Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот