Нов ултиматум на Путин за инвазијата во Украина!

Рускиот арсенал изложен на денот на победата во Москва/ Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Владимир Путин постави ултиматум во врска со инвазијата на Украина, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).

Во анализата на институтот се вели дека рускиот претседател си поставил цел да постигне одлучувачка победа во Украина до 2026 година, пред среднорочните и долгорочните економски и воени ограничувања значително да ја ослабат способноста на Русија да продолжи со воените напори во Украина.

ИСВ се повикува на коментарите дадени во неделата од Кирил Буданов, шеф на Главната управа за разузнавање на Украина, на меѓународна конференција одржана во Киев.

Кирило Буданов / Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Буданов изјави дека 2025 година ќе биде клучна година за Русија во конфликтот, бидејќи ќе се соочи со недостиг на персонал и проблеми во регрутирањето на војската.

Според неодамнешната анализа на тинк-тенк корпорацијата Ранд, руската „тактика со големи жртви“ во Украина, како и лошиот третман на војниците, ја намалиле подготвеноста на војниците за борба и довербата на јавноста во воената операција.

Генералштабот на вооружените сили на Украина во вторникот соопшти дека Русија изгубила вкупно 635.880 војници од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Иако тие бројки веројатно се претерани, значителните загуби што ги претрпе руската војска ја принудија Москва да преземе подрастични мерки за регрутирање за да се осигура дека руската војска ќе остане константно пополнета.

Се наведува  дека некои локални власти, вклучително и оние во Москва, донеле декрети со кои им се дава значителна финансиска помош на оние кои доброволно се ангажираат во армијата, што ИСВ го гледа како доказ за „зголемените трошоци и тешкотиите на руската војска да продолжи да регрутира“ нови војници.

Руска војска/ Фото: МИА

Буданов додаде дека актуелната офанзива на Украина на регионот Курск, заедно со нападите со беспилотни летала и ракетни летала на руска територија, исто така ја поткопа поддршката за војната во Русија и го уништи митот за непобедливоста на земјата.

„Со првите експлозии во Москва тој мит беше уништен на територијата на Руската Федерација“, изјави во неделата Буданов. „Тоа е главното достигнување на сите овие напади од долг дострел.

Како резултат на тоа, Буданов предупреди дека Путин сега се соочува со временско ограничување: тој мора или да започне нова мобилизација, како што направи во септември 2022 година, или да го намали интензитетот на операциите во Украина.

Неуспехот да се обезбеди победа во Украина, додаде тој, исто така ќе ги уништи надежите на Москва да остане глобална суперсила во наредните децении.

Ова се нивните оценки, доколку дотогаш не остварат условна победа, во следните 30 години ќе ја изгубат можноста да бидат велесила“, рече Буданов. „Тогаш остануваат две земји: Кина и САД. А максимумот на кој Русија може да смета е регионалното лидерство, што не е прифатливо за неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот