Новиот спот на „Рамштајн“ предизвика бурни реакции кај публиката

Принтскрин/Јутјуб

Германскиот хард-рок бенд објави нова песна и видео-запис и за помалку од 24 часови постигна гледаност од над 6 милиони прегледи на Јутјуб.

Иако фановите се задоволни од работата на бендот, спотот предизвика остри реакции кај поголемиот дел од публиката, особено поради илустрираните делови од историјата, Холокаустот и нацистичките униформи кои членовите ги носат. Гитаристот во спотот носи и Давидова ѕвезда.

Според едни се работи за видео кое има чисто уметничка вредност, без намера за навреди и тривијализирање на еден од најстрашните настани од историјата на светот. Но други, особено припадниците на еврејската заедница, се шокирани од ваквото неодговорно однесување.

„Рамштајн“ се познати по своите провокативни видеа и текстови, а во 2009 година берлинските власти дури и побарале цензура на албумот „Liebe ist fur alle da“.

Новиот албум на бендот ќе биде објавен на 17 мај оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот