Новиот снег на Попова Шапка ќе овозможи ски-сезона до средината на април

Фото: МИА

Новите врнежи од снег овие два дена на Попова Шапка ќе овозможат ски-сезоната да биде продолжена барем уште една недела.  Од ски-центарот соопштија дека љубители на скијањето  поради новите снежни врнежи ќе може да скијаат до 11 април.

Новите врнежи од снег овие два дена на Попова Шапка ќе овозможат ски-сезоната да биде продолжена барем уште една недела.  Од ски-центарот соопштија дека љубители на скијањето  поради новите снежни врнежи ќе може да скијаат до 11 април.

-Во текот на работните денови ќе бидат ставени во функција ски-лифтовите „Поток”, „Аеродром”  „Г”, додека за викенд (петок, сабота и недела) ќе оперира со полн капацитет, вклучително и шестоседната жичница, информираат од ски-центарот.

Попова Шапка благодарејќи на поволните временски услови и честите врнежи од снег оваа сезона бележи над 100 дена или една третина од годината можност за одвивање на скијачката сезона и функционирање на ски-лифтовите.

Ски-сезоната почна на 16 декември и од тогаш само неколку дена не работеле ски-лифтовите, поради неповолни временски услови или немање струја.

Ски-центарот на 29 јануари ја пушти во употреба и новата шестоседа жичница која е најатрактивна и посетена од скијачите и од сите други посетители. а

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот