Новиот премиер на Непал ја доби поддршката од парламентот

фото Миа

Новиот премиер на Непал, Шер Бахадур Деуба, ја доби поддршката од повеќе од половината пратеници во Долниот дом на парламентот, кои му дозволија да остане на власт до изборите следната година.

Деубу синоќа беше поддржан од 165 пратеници, додека 83 гласаа против него.

Тој минатата недела го почна својот петти мандат како шеф на владата, додека претходниот му заврши во 2018 година.

Деуба беше премиер на Непал во 1995, 2001, 2004 и 2017 година, но никогаш немаше цел мандат на чело на владата, како што нема да има ни сега.

Лидерот на Конгресната партија, најстарата во земјата, беше назначен за премиер во вторникот, откако Врховниот суд го поддржа неговото барање да биде нов премиер, бидејќи претходниот ден донесе одлука за смена на премиерот Каџа Прасад Оли .

Се очекува Деуба повторно да го приближи Непал до Индија, откако Оли посвети поголемо внимание на врските со Кина.

Деуба е политички активен уште од студентските денови, а мина девет години во затвор затоа што се спротивстави на автократското владеење на монархијата, што беше укината во Непал во 2008 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот