Новиот пожар во Бејрут е ставен под контрола

Фото: sabah.com.tr

Пожарот што вчера избувна во пристаништето во Бејрут, денеска е ставен под контрола, а во него, за среќа, нема повредени. Несреќата се случи по пет недели од катастрофалната експлозија во магацин со амониум-нитрат, во кој животот го загубија 192 лица.

Ова е втор пожар неделава во пристаништето Бејрут, поради што властите наредија отстранување на сите опасни материјали од либанските пристаништа и од тамошниот аеродром за избегнување на инциденти од ваков вид во иднина.

Засега не се познати причините за новиот пожар што Бејрут го прекри со темен чад и отровни испарувања, а американските медиуми наведуваат дека либанската воена полиција веќе отвори истрага за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот