Новиот потпретседател на СДСМ е успешен автор со пејачки способности (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Откако заврши вчерашниот Централен Одбор на СДСМ, јавноста дозна дека Коста Петров е предлог за нов потпретседател на СДСМ.

Петров кој во своето богато резиме содржи пејачки и авторски способности, нема големо искуство во политика, како што и самиот соопшти на својот Фејсбук профил, но одлуката да биде потпретседател на СДСМ ја донел со намера да помогне таму каде што тој мисли дека може да придонесе.

Тој е најпродаван македонски автор со неговото дело „Се гледаме на врвот“ и автор на интернационално признатата книга „The Fear“. Тој е и уредникот и креативниот гениј зад „The Little Black Book of PR“ – првата книга за односи со јавност, напишана од практичари за практичари.

https://www.youtube.com/watch?v=nCz5JOTUW8s

Покрај тоа, тој е основач на P World, светската, водечка агенција за настани, која работи во 35 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Северна Америка. Исто така, P World е првата агенција за настани, која има организирано интернационален бизнис-собир во Исламската Република Иран.

Две години по ред , Петров беше вклучен во листата на највлијателни професионалнци за настани во Југоисточна Европа на Kongres Magazine. Тој е и дописник за американското издание на Huffington Post и редовен говорник за односи со јавност, лидерство и претприемачи на различни настани во светот.

Петров, како нов потпретседател на СДСМ, ќе им се придружи на Мила Царовска, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот