Новиот „Пирло“ пред трансфер во Јувентус! (ВИДЕО)
Италијанскиот шампион Јувентус е сериозно заинтересиран за супер ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали.
Младиот талент веќе долго време се наоѓа на „радарот“ на „бјанконерите“. Официјална понуда за новиот „Андреа Пирло“ се очекува во јануари, пренесува „Калчомеркато“.
Директорот на Торино, Фабио Паратичи сака да ангажира повеќе млади играчи во клубот, а Тонали веќе го убеди дека ги има потребните вештини за да игра во дресот на „Старата дама“.
19-годишниот фудбалер има многу добри перформанси во дресот на Бреша и италијанската репрезентација. Сепак, цената на играчот од средниот ред не е мала, со тоа што Бреша бара да добие најмалку 40 милиони евра за неговите услуги.
За Тонали е заинтересирана и екипата на Атлетико Мадрид, која може да биде вклучена во битката за неговиот потпис во текот на зимскиот период.