„Новиот Надал“ испишува историја, го направи она што не им успеа на Новак, Рафа или Федерер

Карлос Алкараз е најмладиот тенисер во историјата што стигнал меѓу најдобрите осум на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Продолжена е најубавата бајка на „УС Опен“, Карлос Алкараз, 18-годишниот Шпанец, успеа да се пласира во четвртфиналето на грен слем турнирот во Њујорк (САД), на своето деби, победувајќи го Петер Гојовчик во драма од пет сета (5:7, 6:1, 6:7, 6:2, 6:0).

Шпанецот, чиј прекар го има „Новиот Надал“, не толку поради стилот на играта, туку поради фактот што сите го гледаат како следната голема тениска ѕвезда и наследник на Рафа во Шпанија, па затоа испишува историја.

Тој стана најмладиот тенисер во историјата што стигнал меѓу најдобрите осум на „УС Опен“. На 18 години ниту Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер или Рафаел Надал не успеаја да го направат тоа.

Алкараз сервираше за освојување на првиот сет со резултат 5: 4, но доживеа брејк. Германецот подоцна успеа да дојде прв во водство (7:5). Сепак, Шпанецот не се предаде и веднаш направи брејк на почетокот на вториот сет, а кога Германецот подоцна направи двојна сервис грешка, Алкараз имаше и два брејка предност, а подоцна и три. Тој го доби сетот за 31 минута за израмнување на 1:1 во сетови.

Крадците не влегле во вилата на Новак Ѓоковиќ, го ограбиле домот на неговиот брат

Во третиот, Алкараз мораше да покаже психичка сила бидејќи овој пат имаше брејк зад себе, успеа со брејк да стигне до 5:5, а потоа во следниот остана без свој сервис и подоцна го загуби сетот.

И кога се мислеше дека 32-годишниот Германец лесно ќе го доведе мечот до крај, се случи токму спротивното. Младиот Шпанец покажа зошто за него се предвидува самиот врв на тенисот, бидејќи му дозволи на ривалот само два гема до крајот, а за 71 минута, по 6:2 и 6:0, го прескокна 141-от играч на планетата. Во четвртфиналето ќе игра против Феликс Оже-Алијасим од Канада.

Тинејџерите блескаат на УС Опен, Радукану трета квалификантка која ќе игра во четвртфиналето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот