НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА, Хусни Исмаили, е ревматолог, но има искуство и во културни активности
Откако премиерот и официјално потврди дека предлогот за новт министер за култура е Хусни Исмаили, во јавноста се крена прашина околу неговото образование, дека тоа не соодветствува со ресорното министерство кое ќе го води. Имено, Исмаили е доктор по медицински науки, но во неговата биографија доставена до Собранието, пишува дека тој има искуство и во културни активности.
Погледнете кои се тие:
– Уредник на книги
– Организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи
– Уредник во областа на радио драми
– Уредник во изготвување на 90 радио емисии од областа на културата
– Уредник и раководител на 80 телевизиски документарни програми на албански јазик во Македонија и пошироко
– Еден од основачите на Културно-хуманитарната организација Мерхамет-Скопје
– Еден од основачите и член на Управниот одбор на издавачката куќа „Логос-А“ – Скопје и
– Учесник во бројни активности од областа на културата во Македонија.