Новиот министер без ресор е обвинет во случајот „Малтретирани градежни работници од Маврово“

Нов министер без ресор за странски инвестиции ќе биде Хисен Џемаили, кого лидерот на ДУИ, Али Ахмети го предложил, откако првиот избор, Ибрахим Дехари ја одбил понудата, пренесува Плусинфо.

Тој потврдил дека ја прифатил понудата на Ахмети и сака да придонесе за општеството.

„Го прифатив предлогот на лидерот Али Ахмети за министерската функција. Битно е Владата да е силна и што повеќе да придонесеме за општеството“ изјавил Џемаили.

Џемаили е асистент – професор по географија на Тетовскиот универзитет. Претходно тој беше советник во Општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 беше пратеник.

Џемаили во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, и беше обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот.

Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по него беше распишана потерница бидејќи два месеци не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот